На полагањето одржано на 20.08.2020 положија следните кандидати:
На полагањето одржано на 20.08.2020 положија следните кандидати:
Драги пријатели,
По скоро 15 години посветено вежбање и работа на промоција и развој на Аикидото во Македонија, Македонската Аикидо Федерација - Аикикаи Македонија на 1-ви Јули 2020 година го доби своето официјално признавање од Светскиот центар за Аикидо - Фондацијата Аикикаи во Јапонија.
Изразуваме голема радост за ова признание и сакаме да истакнеме дека го сметаме како одговорност и понатаму напорно да работиме и да внесуваме сè повеќе придонес во светот на аикидото.
Би сакале да изразиме најдлабока благодарност до:
- Дошу Моритеру Уешиба за неговиот живот посветен на Аикидо и неговите заложби да ни го покажува правецот,
- Микеле Кваранта Шихан за несебичното подучување и споделување на своето големо знаење и искуство.
Имавме огромна помош и поддршка од толку многу луѓе со кои ги разменувавме нашите енергии на татами низ взаемно вежбање, па списокот на благодарности би бил навистина долг за оваа објава! Само би сакал да им се заблагодарам и на оние што се обидоа да ни прават пречки на нашиот пат, зашто тие навистина нè направија посилни и на многу начини подобри од што некогаш бевме!
Ова е историски момент - значаен чекор. Еден од многуте што треба да следат!
Нашата пасија продолжува!
# (Љубиша Петровски, Панче Миланов, Владо Стојановски, Марија Дојчиновска, Костадин Митев, Ѓоко Томоски и Дамјан Цингарски)
СООПШТЕНИЕ:
Сите информации на следниот линк:
https://www.aikikai.sk/en/seminars/aikido-letna-skola-2020-slovenska-aikido-asociacia-aikikai-slovakia.
На полагањето одржано на 16.03.2020 положија следните кандидати:
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ:
Со најголемо жалење го соопштуваме откажувањето на овој семинар, како резултат на барањата на владата за мерки против ширењето на пандемијата COVID-19 (Коронавирус).
Организаторот ќе стори сé што е во негова моќ да го направи овој семинар кога ќе се укаже следната можност.
Добредојдени сте на семинарот што ќе се одржи на 21-22. Март 2020 г.
Семинарска такса:
30 EUR
Распоред:
Сабота:
10:30 - 12:00 - тренинг 1
12:00 - 12:40 - полагање за Дан степени
пауза за ручек
17:00 - 19:00 - тренинг 2
Недела:
09:30 - 11:20 - тренинг 3
Место: Спортската сала на училиштето Песталоци, адреса: Апостол Гусларот бр. 3, Скопје.
Google maps plus code: XCXC+34 Skopje
или
https://goo.gl/maps/YV8GTNeVueF2
Ве очекуваме!
Почитувани делегати,
Управниот одбор на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, согласно Член 33 алинеја в), од Статутот на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, на 12.11.2019 закажува Вонредно генерално собрание, со следниот дневен ред:
1. Избор на претседател на МАФ-АМ.
2. Избор на потпретседател на МАФ-АМ.
3. Избор на генерален секретар на МАФ-АМ.
Секој делегат има право да предложи кандидат за секоја од позициите. Предлогот мора да биде доставен до Генералниот секретар на АИКИКАИ МКД, во писмена форма и најдоцна 20 дена пред одржувањето на Генералното собрание.
ул. Никола Тесла 2/2-26, Скопје 1000, Македонија
dummy+389 (70) 764066
dummy+389 (2) ******
dummy office@aikikai.org.mk
Примач: Аикикаи МКД - Скопје
Адреса: Никола Тесла 2/2-26 Скопје
Банка: Комерцијална банка АД
Сметка: 300000002348115