Ја имаме честа претседателот на нашата федерација да ја претставувае Македонија на претстојните Светски борбени игри 2023, што оваа година се одржуваат во Ријад, Саудиска Арабија. Значењето на ова учество е рамно на учество на било кој спортист на Олимписки игри, а фактот што Македонија за прв пат праќа учесници за аикидо на Светските борбени игри го прави ова со историско значење.
Драги пријатели,
По скоро 15 години посветено вежбање и работа на промоција и развој на Аикидото во Македонија, Македонската Аикидо Федерација - Аикикаи Македонија на 1-ви Јули 2020 година го доби своето официјално признавање од Светскиот центар за Аикидо - Фондацијата Аикикаи во Јапонија.
Изразуваме голема радост за ова признание и сакаме да истакнеме дека го сметаме како одговорност и понатаму напорно да работиме и да внесуваме сè повеќе придонес во светот на аикидото.
Би сакале да изразиме најдлабока благодарност до:
- Дошу Моритеру Уешиба за неговиот живот посветен на Аикидо и неговите заложби да ни го покажува правецот,
- Микеле Кваранта Шихан за несебичното подучување и споделување на своето големо знаење и искуство.
Имавме огромна помош и поддршка од толку многу луѓе со кои ги разменувавме нашите енергии на татами низ взаемно вежбање, па списокот на благодарности би бил навистина долг за оваа објава! Само би сакал да им се заблагодарам и на оние што се обидоа да ни прават пречки на нашиот пат, зашто тие навистина нè направија посилни и на многу начини подобри од што некогаш бевме!
Ова е историски момент - значаен чекор. Еден од многуте што треба да следат!
Нашата пасија продолжува!
# (Љубиша Петровски, Панче Миланов, Владо Стојановски, Марија Дојчиновска, Костадин Митев, Ѓоко Томоски и Дамјан Цингарски)
Почитувани делегати,
Управниот одбор на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, согласно Член 33 алинеја в), од Статутот на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, на 12.11.2019 закажува Вонредно генерално собрание, со следниот дневен ред:
1. Избор на претседател на МАФ-АМ.
2. Избор на потпретседател на МАФ-АМ.
3. Избор на генерален секретар на МАФ-АМ.
Секој делегат има право да предложи кандидат за секоја од позициите. Предлогот мора да биде доставен до Генералниот секретар на АИКИКАИ МКД, во писмена форма и најдоцна 20 дена пред одржувањето на Генералното собрание.
Почитувани делегати,
Управниот одбор на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, согласно Член 33 алинеја в), од Статутот на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, на 01.09.2019 закажува Вонредно генерално собрание, со следниот дневен ред:
1. Оформување став по однос на најавеното гостување на господинот Кеи Изава во клубот „Пат кон мирот“.
Почитувани делегати,
Управниот одбор на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, согласно Член 33 алинеја в), од Статутот на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, на 10.08.2019 закажува Вонредно генерално собрание, со следниот дневен ред:
1. Предлог одлука за упатување на барање за членство во ИАФ (Меѓународната аикидо федерација).
На 21.03.2019 г. се одржа вонредното генерално собрание на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија.
За работа на собранието на оваа седница претседателот го предложи следниот предлог-дневен ред:
1. Предлог одлука за промена на седиште на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија;
2. Предлог одлука за измена на Статутот на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија и усогласување на целите со Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник на РМ 52/10, 135/11 и 55/16);
3. Предлог одлука за прием на Теншинкан доџо – Скопје како нова Членка во Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија; и
4. Предлог одлука за упатување на барање на Хомбу признавање од Аикикаи Фондацијата во Токио, Јапонија.
По расправата и гласањето беа донесени следните одлуки:
ул. Никола Тесла 2/2-26, Скопје 1000, Македонија
dummy+389 (70) 764066
dummy+389 (2) ******
dummy office@aikikai.org.mk
Примач: Аикикаи МКД - Скопје
Адреса: Никола Тесла 2/2-26 Скопје
Банка: Комерцијална банка АД
Сметка: 300000002348115