Пат кон мирот

АИКИДО на БЕЛА НОЌ 2012

(Сабота, 6.10.2012)

Под мотото “Пат на воинот, пат на Мирот“, членовите на нашиот клуб ќе ја презентираат јапонската вештина АИКИДО, на културната манифестација БЕЛА НОЌ 2012 во Скопје. Локацијата е во Градски Трговски Центар (ГТЦ) кај Спицикато. Почетокот е од 20.00 часот. Повелете проследете ја презентацијата на АИКИДО, за прв пат на оваа културна манифестација.

Се надеваме дека со ова ќе дадеме придонес кон промоција на вештината и филозофијата на аикидо. Ни претставува чест што сме дел од оваа реномирана културна манифестација.

Ве очекуваме,

www.belanok.mk

 

Успешно заврши Меѓународниот семинар со Т.Курибајаши Сенсеи 7 дан аикикаи Хомбу Доџо Токио. Семинарот се одржа од 30.9-02.10.2012 во Македонија. Им благодариме на сите учесници на семинарот. Овој семинар придонесе за развој на аикидото во Македонија и подобра соработка помеѓу клубовите. Се надеваме дека во иднина ќе има уште многу прилики за заедничко вежбање .

 

 11 причини ЗОШТО да вежбате АИКИДО:

1. Затоа што секој може да вежба АИКИДО и да биде успешен во животот

2. Затоа што АИКИДО-то помага ефикасно да се одбраните од секаков напад и напаѓач

3. Затоа што имате можност да учите по многу квалитетна и светски признаена програма

4. Затоа што АИКИДО-то ја зголемува самодовербата, концентрацијата и издржливоста на личноста

5. Затоа што АИКИДО-то  го одржува телото и духот во врвна форма

6. Затоа што среќавате нови АИКИДО пријател(к)и

7. Затоа што ќе бидете дел од еден милион успешни луѓе кои вежбаат АИКИДО низ Светот

8. Затоа што доколку вежбате вредно, ќе ја претставувате Македонија на семинари ширум Светот

9. Затоа што нашата програма е прилагодена за Вашиот успешен развој

10. Затоа што АИКИДО поради ефикасноста, е дел од специјалните полициски и армиски сили ширум Светот

11. Затоа што ќе ни претставува чест да ни бидете член(ка) во нашиот клуб 

 

 

 

УПИСИТЕ ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ  СЕ ВО ТЕК

КОНТАКТ на тел. 070 21 99 77 и 070 56 96 55

ВО ЦЕНТАР ЗАПОЧНУВАМЕ ОД 04.09.2012 година во салата “ПАРТИЗАН“ Градски парк, позади ТОМЧЕ СОФКА

ВО Н. РАДИШАНИ ЗАПОЧНУВАМЕ ОД 03.09.2012 година во приватна сала во н. РАДИШАНИ

Ве очекуваме за да вежбаме заедно.

 

 

Аикидо клуб „ПАТ КОН МИРОТ“

Аикидо клубот „Пат кон Мирот“ е основан на 17.09.2001 год. во Скопје од страна на Трајко и Илија Манасиеви 1-дан аикикаи, кој работат под техничко раководство на Христо Михаилов 5-дан аикикаи.

Понатаму...
 
<< Start < Prev 1 2 Next > End >>

Page 1 of 2